во

ПаметноПаметно

Министерство на непушачи

Ја читам петицијава за враќање на законот против пушење во угостителски објекти и јавни простори или како и да е, па посекако не ми е јасно. Зошто и би ми било?! Ова станува перверзно. Некои сакаат да си остане така како што е,  а некои сакаат да не се пуши. Во суштина целата оваа приказна е досадна. Едноставно, во нашава држава ништо не е нормално и нормално е и ова да не се среди. Никогаш. А за да се среди треба да се средат прво граѓаните, па нивните морални и етички вертикали, па да дојдат на ред угостителите, па тие да се сетат и да ги вреднат правилно своите муштерии, па така некако, таму некаде во некое идно совршено време повторно ако не повеќе да ги одделат просториите така што ќе има за пушачи и непушачи, но овој пат поделени навистина, не само ради реда, колку да се каже дека има просторија за непушачи. Само така формално и ќе се реши министерството на непушачи и ќе има кроце некаков ред и разбирање и прифаќање. 

Сепак, да не се лажеме, ние сме далеку од таквите амбиции, а и менталните капацитети не достигнуваат до оваа појдовна точка. Вака гледано: уште долго, долго, ќе гледаме лоши обиди на разгледување на ова прашање. Мене искрено не ми смета ни таму каде не се пуши, а уште помалку таму каде се пуши. Кој што сака нека си прави, а на таква петиција не гледам апсолутно никаква причина да се потпишувам, затоа што нели, апсолутно нема да промени ништо таквата интернет кампања, тоа е докажано. Уште од камена доба. Оти реално гледано, уште не сме излегле од таа мисловна матрица.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Митко Гогов

Планинарење

ВРАЌАЊЕТО