СмешноСмешно ВљубеноВљубено КулКул

Хамбургер некогаш и сега

Хамбургер на времето:

– Лебче- Плескавица од сомнително потекло- Зелка неизмиена- Помфрит- Кечап или мајонез од туба од 5 литриПакован во бела хартија на која пиши hamburger, hot dog, toast.- Цена: 40-60 денариЧепкалка – опционално, ако добиеш пластично вилувче топ

Слика од нормален хамбургер, сендвич на времето нема, па зато еве ви од Павле Вуисиќ, млад

Хамбургер сега:

– Леб правен од безглутенско брашно мелено од девици, наросен со чија семиња, семиња од тиква за подобра работа на желудник, лупен сончоглед, сусам печен во маслиново масло- Месо од крави кои слушале Бетовен, Бах и Моцарт и можат да завршат средно музичко- Органиски домат- Органска краставица- Органски краставички- Парче кашкавал од крави молзени од модели на Викторија Сикрет и Мис Боливија 1996-та- Друго парче плескавица од крави кои слушале само одл скул хипхоп зачинето со парчиња од сланина- Премаз од четири ебени сирења оти петтото не го пуштаа од дома- Печурки од падините на Хималаите- Сперма од морско коњче во пубертет

Заклан хамбургер

– Уште едно лебче само без семе од тиква да не ви работи предобро желудникотПаковање: Црна кутија со златни букви од екофрендли фирма која сади дрва за секое исечено и употребено за хартија- Цена: Од 250 до колку стан во ПехчевоДодатоци:- Пармезан- Моцарела- Сос од батак од еднорог- Сос од карабатак од еднорог- Помфрит со цена од 50 до гарсоњера во ДелчевоСе служи со забоден нож во него и не можеш да го јадеш оти е голем колку неухрането прваче

Извештај

Еден коментар

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Na zenata e rodenden pa sakam da ja iznenadam ako moze

Најпознатиот цитат на Гоце Делчев