во

СлаткоСлатко ПаметноПаметно ВљубеноВљубено КулКул БравоБраво

Медените коментари од медената земја

Деновиве се изначитав секакви коментари за двете номинации за Оскар за македонскиот документарен филм „Медена земја“ и она што го забележав е дека луѓето очекуваат да бидеме потопени сите до еден во медена екстаза и среќа во првите неколку часови, а после неколку дена да си го кажеме вистинското мислење, небаре ова е уште еден натпревар на македонската репрезентација и сите треба да се фрлиме во бласфемичен транс. ОК е луѓе(нца), сепак тоа е филм кој е резултат на еден тим на луѓе кои си ги презентираат своите уметнички квалитети во светот на кинематографијата и тој успех, колку и да се идентификуваме со него или не, пред сѐ е нивен личен успех, за кој реално гледано се отепале од работа неколку години. Она што мене ми е чудно е како се менува енергијата за една информација од час во час, како коментарите на некои луѓе се контрадикторни од едно до друго место, како еуфоријата се заменува со полуинтелектуални ставови на квази експертски толкувачи на сѐ и сешто.

Затоа јас нема да пишувам, ќе си останам на споделените пчелички, ќе стискам палци за најголем успех во историјата на македонската документарна и воопшто филмографија и ќе оставам возот да отиде, оти не за прв пат се докажува дека „позади добриот коњ прашина се крева“. И знаете што, да си пукнете, како хелиумски балони, оти на некој начин сите сте во право, и вие со позитивните реакции и вие со нешто поразлично мислење. Сега е време за радости, сите имаме право да се радуваме на успесите кои се производ на нашите пријатели, роднини, колеги, познаници, ако нема трошка позитивно треперење внатре во нас за целата срцепарателна приказна на Атиџе, едноставно е – ништо не сме научиле. Од мене БРАВО (со многу пчелички емотикони) до целиот тим и последно, но и прво истовремено, фала ти жено мирна, скромна и вонземна што ни ја откри другоста, другоста која доаѓа од твојот крај, традиција, начин на живот и прифаќање на „дивиот свет“ како твој матичен дом, таа магија ќе остане врежана засекогаш во меморијата на светската кинематографија и документаристика. За оскарот е повеќе од јасно, АЛАЛ!

Фото-илустрација од насловна: Ѓорѓе Јовановиќ

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Митко Гогов

Номинираните за Оскари

Како Македонија може да се пласира за следната рунда!