во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Клиничкиот центар опремен со нови 1 500 апарати за коцкање!

Конечно македонските граѓани ќе добијат современа болница по сите европски стнадарди. Министерството за здравство објави дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе биде опремен со нови 1 500 најсовремени апарати за коцкање. Со оваа круцијална инвестиција значително ќе се олесни животот на пацинетите, чии животи и онака досега беа ставени на коцка.

„Со оваа, би рекол, најзначајна инвестиција значително ќе ја подобриме услугата за нашите пациенти. Повеќе пациентите нема да мораат да одат до најблиските казина и обложувалници за да си го остварат своето неопходно право на коцкање со животот. Животот на апарати воопшто не е лесен. Се надеваме дека со оваа инвестиција ќе внесеме барем малку љубов, ведрина и среќа кај овие луѓе.“ – изјави за нашата редакција министерот за здравство Венко Филипче.

Извештај

Што мислиш?

Летна манџа

Зимска приказна