Две милиони памукчиња за дезинфицирање на местото на кое се става вакцината пристигнаа во магацинот на министерството за здравство и беа складирани веднаш до фрижидерите во кои ќе се чуваат вакцините, тогаш кога ќе пристигнат во земјава.
– Ова е само дел од набавката за побрзо спроведување на вакцинацијата. Веќе преговараме за увоз на шприцеви, а деновиве треба да се објави и тендерот за избор на фирма што ќе обезбеди сокчиња и сендвичи за освежување на вакцинираните. – рече министерот Венко Филипче при свеченото примање на пратката.
На новинарско прашање кога очекува да пристигнат вакцините тој одговори дека не знае точно, а за тоа го обвини службеникот кој компјутерски ја спремал нарачката и за да заштеди избрал Free shipping поради што пратката не може да се следи.