во

Пост Вистина

„And now wе’re in the fucking end game! Мислиш дека така ќе пројде Снеже нели!? Mислеше дека стариот Били ќе заборави на онаа верна вечер во Макарска далечната 1975та, кога бев младо дваесетгодишно момче? Мислиш дека зборовите не печат? Мислиш дека фактот што собрав храброст да ти кажам како се чувствав во врска со тебе, а ти ме одби на највулгарен начин немаше да се врати да ти удри во глава? ГРЕШИШ СНЕЖЕ! ГРЕШИШ! После тоа трауматично отидов дома, паднав во депресија и ја поминав есента гледајќи низ прозорецот, и ми текна! WINDOWS! Првиот чекор кон мојата светска доманиција и план за одмазда за Снежана Пејчиновиќ од Тетово! Прво создадов најдобар оперативен систем од кој зависи светот, по ова го диверзифицирав портфолиото со разни инвестиции и технологии. Се оженив, направив деца, купив дур седум различни џемпери, но сепак зборовите останаа Снеже, болеа. Болеа до сржта. И кончено 2019та во јуни, бев толку скршен што имаше само едно логично решение. Нарачав глобална пандемија од Али Баба Uber Premium(верзијата на апликацијата којашто е достапна само за мене, Елон Маск и Катерина Крстева алијас Мара Попара). Со самиот пакет доаѓа и серија вакцини кои ќе бидат пуштени од повеќе компании ширум светот, и ќе бидат овозможени на повеќе земји веднаш, па дури и на Србите, додека кај тебе Снеже, кај тебе ќе ги видите на КУКОВО ЛЕТО! Особено со фактот дека она мое варошко, она мое галичко, и она мое муртинско пуленче ќе играат по нотите кои ги свирам јас на своето клавичембало! Боли Снеже, нели боли? Боли што животот те донесе до овде. Боли што светот оди напред, додека твојата држава тоне во надеж за вакцини од Срби, Бугари, Грци, донации и итн. А можевме Снеже… КОЈ ЛИЧИ НА ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАН ВУДИ АЛЕН СЕГА!?“ – Бил Гејтс, скршен човек одбиен од страна на Снежана Пејчиновиќ од тетовски Блок 70, технолошки гигант, чипатор на луѓе, човек кој е директно виновен што Венко Филипче, Зоран Заев и Стево Пендаровски се толку сакати што не можат да најдат 5(со зборови пет) вакцини, додека сите околу нас за 2 месеци ќе имаат концерти и шмркање у нивните верзии на Минус Еден и Венеција.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Експлозивни играчи

Што рекоа познатите за резултатите на ракометарите???