во

Што рекоа познатите за резултатите на ракометарите???

Што рекоа познатите за резултатите на ракометарите:

Зоран Заев:

Ракометот е игра, адреналин и тимски дух. Головите се само бројка на истекот на 60-те минути. А, добрососедството е внимателност и почит кои треба да траат со години, децении и векови. И тако даље, знаете како одат глупостиве. Напред Косово!

Христијан Мицкоски:

Мислам дека на првенствово требаше да игра Борко. Не дека е член на ВМРО, онака објективно го викам ова, се разбирам во ракомет скоро исто колку што се разбирам и во политика. Еве, објективно, Борко е подобар голман од Наумче, и не го велам ова пошто Борко е член на ВМРО, а Наумче на СДСМ.Што?Наумче не бил голман?…па добро, реков јас, се разбирам во ракомет скоро исто колку што се разбирам и во политика…

Димитар Апасиев:

Добро, левицата на Талески имаше малце подобри проценти од мојава Левица на последните избори.

Звонко Шундовски:

Мислам дека главната грешка на Брестовац беше што не им кажуваше да клавет малу појче голој.

Венко Филипче:

Мора да ги пофалиме македонските ракометари кои во одбрана дефинитивно ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Доналд Трамп:

[oвој коментар беше рачно избришан од страна на марк закерберг]

Мила Царовска:

Ги гледаме првите резултати на спојувањето на Физичко и Музичко, нашите ракометари просто танцуваат на теренот. Е сега на која музика танцуваат не знаеме…ама сепак…

Никола Груевски:

Нема простор за разочарување. Иако малце неславно завршија нашите, сепак треба да се гордееме дека ја обединија целата нација. Сепак пораз против Франција после продолженија во 1/4 финале не е крај на свет. Добри беа нашиве цело првенство.

Готје Мвумби:

You didn’t have to cut me off..хаха, се зафркавам, ја сум оној пикерот од Конго. Добри се македонциве, штета што не се сретнавме во иста група верувам дека ќе се јадевме до крај со македонците… хаха, ви текиња? Ќе се јадевме? Дека сум огромен? Хаха, кај ми текињаат

Бојко Борисов:

Ебате бугарите ебате, толку сте срање на првенствово што ми е срамота да ве присвојам…

Али Ахмети:

А чекај, не сфаќам, зошто не направивме коалиција со Шведска и така да влеземе во 1/2 финале?

Џо Бајден:

Ех, не се ракометариве тоа што беа. Памтам порано ко копиљ со Карл Шеленц кога игравме…

Арбр Адеми:

Немам видено статистики, ама ако Талески има повеќе од 20% ученик на првенствово нема да го признаам резултатот. Најверојатно тоа би било резултат на стероиди.

Ѓорге Иванов:

Обожавам спорт. Дефинитивно сите статуси не ми се пишани од луѓе што го водат профилот за мене. Се надевам на успех. Напред Пандев!

Стево Пендаровски:

Обожавам спорт. Дефинитивно сите статуси не ми се пишани од луѓе што го водат профилот за мене. Се надевам на успех. Напред Пандев!

Роберто Орданоски:

Изгледа дека талентот го има напуштено Филип Талески исто како што мене ме напушти Агнеса….Агнеса бе врати ми се бе, леле ме запусти ти ебам ѓаволската жена, требаше и јас да пазам во кого се заљубувам, што име е ова Агнеса бе, колку луѓе знаете у цел Балкан што се презиваат Агнеса, требаше да си најдам некоја со нормално име бе, што очекував и ја уствари…

Агнеса:

А па тоа Роберто едно типично рисјанско име што е, си ибало мамата…Оливер Спасовски:Овие од одбранава на Македонија бетер чуваат и од мене…

Радмила Шеќеринска:

А бе, иамте приметено како сите го заебаваат Оливер Спасовски за вакви ствари а ја сум уствари министерка за одбрана? Хаха

Објективен македонски медиум:

Во времето на ВМРО не беше вака лошо…

Уште пообјективен македонски медиум:

СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ!!! ДАЛИ ПИШАВТЕ СТАТУС “MАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ” ???? ТОА Е ЛАЖНА ВЕСТ. РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ИЗГУБИ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ЦЕЛА ЗЕМЈА ДА ИЗГУБИ. СИТЕ ШТО ПИШАВТЕ СТАТУС “МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ” ЌЕ БИДЕТЕ ПОСЕТЕНИ ОД СЛУЖБИ КОИ РАБОТАТ ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ. СТОП ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ. ПРИЈАВЕТЕ ГО СЕКОЈ ЛАЖЕН СТАТУС.

Oбјективно објективен македонски медиум:

Ептен пропаднавме во ракометов откако се распаднаа Дупер. Случајност? Не би рекле…

Бил Гејтс:

Добро, ме фативте. Филип Талески е експеримент на Мајкрософт, сакавме да видиме како ќе реагира цела нација ако измислиме човек што после три меча ќе има 0 погодоци. Ќе го чипуваме за следното првенство.

Златко Мојсовски:

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Пост Вистина

И стави кечапмајонез и ситесосови