во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Ден по Брегзит: 100 000 Британци аплицирале за македонски пасош

Македонската амбасада во Лондон, денес соопшти дека само во првите 24 часа после официјалното излегување на Велика Британија од ЕУ, добиле 100 000 барања за државјанство од Британци што не се задоволни од одлуката на нивната земја да ја напушти унијата.

Според МНР, тие во земјава ја гледаат последна шанса да останат Европјани, што пак само по себе е доказ за добрата надворешна политика што ја води земјава, направените реформи во сите општествени сфери и е, не толку суптилна, најава за наш брз влез во ЕУ на местото на Британија.

Малку поинаква верзија имаат нашите нови сограѓани од „островот“, кои иако ни посакаа се’ најдобро на европскиот пат, сепак истакнаа дека животот е прекраток за да не’ чекаат да влеземе во ЕУ и признаа дека се пријавиле за државјанство само поради олеснетата процедура при добивање бугарски пасош. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Фосилни

Како да не се разболите… никогаш!