во

Арно.мк се грижи за подобра иднина. На општеството му е гајле!

Внимание: Текстот подолу е пренесен од Арно.мк, по повод двегодишнината на порталот.

„Arno.mk слави 2 години и продолжува да биде (анти)портал поинаков од другите. Во изминативе две години пишувавме за теми кои сметаме дека се значајни за развојот на нашето општество, но нужно не се “clickbait”.

Сметаме дека без грижата за науката, технологијата, образованието, уметноста и екологијата нема здраво општество и затоа посветивме многу време и внимание на овие теми.

Засега сме непрофитабилни и освен пријателската помош со компјутер која ја добивме од SwissShop, фирма за половни компјутери увезени од Швајцарија, не сме добиле поддршка од никого.

Тимот на Арно, освен истоимениот портал, на општеството му подари групи и проекти како:

Досега немавме успех во тоа да обезбедиме поддршка за нашите активности, се што работиме е на волонтерска база, а не дека не сме се обиделе.

  • На нашите анкети за рециклирање упатени кон 10-тина компании за рециклирање добивме одговор само од една.
  • На нашите писма за донирање садници кон „Паркови и зеленила“ кои би ги засадиле самите, преку групата „Не фрлај, не загадувај“ не добивме никаков одговор.
  • На нашата молба кон Анхоч за донација на дрон за да можеме да снимиме депонии за потребите на групата „Не фрлај, не загадувај“ бевме игнорирани.
  • Преку „Дај, не фрлај“ апелиравме кон приватни компании да подаруваат преку групата и да ги наградуваат членовите, никој не се пријави.
  • Апелиравме кон големите агрегатори како daily.mk и vesti.mk да не стават на листа на нивните вести од наука, иако сме мал портал со мала публика, но зборуваме за значајни и запоставени теми, но никој не ни одговори. Колку за илустрација, grid.mk не поддржува уште од самиот почеток, а за нашето значење во областа на вести од науката зборува и оваа слика:
Од 12 текстови на тема наука 4 се на нашиот arno.mk

Како возврат за сите тие активности на сите тие компании им понудивме бесплатна реклама на нашиот портал и на нашите социјални медиуми со публика од 50.000+ членови, но не беа заинтересирани.

Всушност, и зошто би биле? Во нашата држава на се што подразбира алтруизам, герила-активизам, неформално организирање на граѓани, иако истите се борат за заедничкиот воздух кој го дишеме или за идната на сите нас, се гледа со потсмев и игнорирање.

Можеби се работи за наш неуспех, но сето ова зборува за несензитивноста на општествените и приватните компании за општествено важните прашања.

Сето ова може да послужи како одговор на прашањето: зошто сме на врвот на светските листи по најлоши нешта (загадување, образование итн.), а секогаш последни по најдобри нешта – едноставно не се грижиме!

Нека ни е среќна двегодишнината, и за многу години борба со ветерници!

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Бранко Прља

Каква ќе биде ситуацијата со вакцинацијата за седмица од сега

Delete ја