Читање под маски

Школата за дизајн и уметностите „Џолев и Уметностите” во соработка со „Еurope House Skopje“  ги поканува најмладите (дечиња од 7 до 10 години) да бидат дел од  едукативната програма „Читање под маски” која се состои од драмско читање на познати драмски текстови и раскази, преку актерска импровизација на двајца млади актери, каде што активно се вклучени и самите учесници. По драмската изведба, следи анализа и дискусија за делото, ликовите, преку што ќе се поттикне креативноста, критичко размислување и социјалната комуникација на секое дете, преку забава и игра.

АГЕНДА:

30 мин. • Запознавање;

30 мин. • Читање преку драмска импровизација;

30 мин. • Дискусија и заклучоци.

МЕНТОРИ:

Сара Анастасовска • дипломиран драмски актер;

Даријан Петров • дипломиран драмски актер.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Кооперација

ПРЕОБРАЗБА

Бесплатни проекции на Златна рамка во МКЦ (14-16 февруари 2020)