Литературен и ликовен конкурс: „Девојчето и градот“

Едно девојче живее во еден сивкав град, во кој веќе одамна не доаѓаат сонцето, птиците, пеперугите… Еден ден, талкајќи по улиците полни со луѓе, ќе се загуби и сосема неочекувано ќе се најде пред една огромна шума, во која ќе открие работи што ќе ѝ го променат животот од корен…

Ова е кус вовед во приказната на новата сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. 

Градот во кој живее ова девојче е сив поради загадувањето на воздухот. Ѝ треба твоја помош за да стане шарен. Твоите идеи како да го обоиме градот и тој да стане почисто и посреќно место на живеење, дом на сонцето, птиците и пеперугите, стави ги на хартија и во форма на песна, состав или цртеж, прати ги на нашата адреса:

За конкурсот „Девојчето и градот“

Редакција „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“  

Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 50 (6 кат), Скопје

Или на електронската адреса: [email protected]

Конкурсот трае до 1 март 2020 година и право на учество имаат сите деца над петгодишна возраст. Имињата на добитниците на наградите ќе ги објавиме на нашата страница: https://www.facebook.com/libi.literatura.mk/.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Кооперација

Бесплатни проекции на Златна рамка во МКЦ (14-16 февруари 2020)

Ќути си