во

БесноБесно ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Среќен добитник од МОЈ ДДВ скенирал сметка од погребално!

Еден од среќните добитници на 100 000 денари, оваа голема награда ја освоиле со скенирање на сметката од погребалното претпријатие „Бутел“. Немаше крај на радоста во семејството Хаџиспирковски, кое тагата од погребот ја замени со веселба. Среќната вест ја добиле за време на погребот, по што експресно биле повикани свирачи кои се погрижиле за одличната атмосфера на погребот. 

„Ова некој да ми кажувал дека ние вака скромни луѓе, ќе добиеме ваква голема награда, немаше да верувам. А парите сега ни беа најмногу потребни бидејќи не одраа од овоа погребалното за сандак, венец, гробно место… Наградава ќе ни помогне да закрпиме крај со крај. Штета што бабата Благородна, бог да ја прости, нема да има можност да се порадува на оваа голема награда. А цел живот играше Бинго, Супер Бинго, Лото… и сега прв пат да добие награда. Ја користам оваа прилика да и се заблагодарам на владата за оваа прекрасна награда и да упатам апел до граѓаните масовно да скенираат. Никогаш не се знае каде среќата ќе се насмевне“ – изјави среќниот Јорданчо Хаџиспирковски.

Извештај

Еден коментар

Одговори

Еден пинг

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

По К-15: Укинати и кафе паузите за тие што не доаѓаат на работа

Партија за прави мушкарци