Што рекоа познатите за Оскарите???

Што рекоа познатите за Оскарите:

Микица Ѓорчевски: Бреј да ти ибам среќата, џабе го сменив името. Ни Евровизија, ни Оскар, ни ракомет….

Христијан Мицкоски: Ако собереме 63 пратеници тогаш ќе го вратиме времето и ќе освоиме Оскар!

Али Ахмети: Нашиот филм изгубил на Оскари??? Еј, интересна работа, не знаев дека Албанија била номинирана годинава..

Квентин Тарантино: Ви викам ја, немаше доволно стапала у филмов, како тоа филм што форсира природа а неам голи стапала? Ма ајде ти се молам чоече

Игорче Трпески: Да, да, мирно културно, остај ги од таму нека номинираат, мирно културно, ни трејлер ни тизер да да, објавувај победници од таму колку сак…ауууууу какои колку сакаш што ли беше сега овааааа

Радмила Шеќеринска: Супер што победи нашиот документарец за кинеската фабрика во Македонија, ете знам знамето го видов негде у трејлерот

Никола Груевски: Добро, никој не може да го одземе фактот дека нашата земја е дел од Оскаровската историја! Son of Saul најдобар филм во 2015? Предобро!

Драган Вучиќ: Што настан е ова бе? Ни Хурем се бираше, ни брашно даваа, ни Сано сокчиња даваа… Ебате наградите, статуетки…

Крсто Мукоски: Еј пер, нема да ти се веруе, значи спијам ја така еден ден, кога гледам ми ѕвони телефон од САД. Кревам и ми викаат “Слушај, 1917 води во борбата за најдобар филм, ни треба да гласаш за Паразит ако не е проблем?”

Елизабета Канческа: Да, да, ми се веруе, и кај мене истово се деси…

Мартин Скорсезе: Бреееј, 10 саати настанов трае, чоек да се успие…Башка у недела ли се одржува ова бе? Зашто не у петок на пример? Има гага автобус. Ич не знаете да организирате еј…

Александар Маленко: Шо знам, мене омилен ми беше “Marriage Story”…

Тој со камерата што снимаше низ градот: Што е ова бе? Пак Корејци? Некои со паразит заразаени а? Ај ќе си ќутам сеа…

Јас: Ок, овој 1917 смеам да го гледам или треба првите 1916 дела да ги гледам?

Врчак: Деца бевме јас и Ханиленд, само слушнав БИИИП, Паразит го лупна со мерцедес џип

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Кучиња

ЦИМЕРОТ