Си беше што не си беше

Кога ќе ми текне, е, каков раскажувач беше дедо ми! Генијалец и мудрец од народот! Ќе нè седнеше нас, шестмината внуци и ќе почнеше: „Си беше што не си беше…“ и се редеа прикаските за Гугле Пепелаш, за Дете Голомеше, за Црна Арапина, за Карлооо, Карлооо… сето проследено со лично од него измислени детали и извонредна смисла за драмско дејствие, а ние со отворени усти, очи и уши занесени и однесени во друг свет! И завршетокот на секоја прикаска: „Направија голема свадба и нè поканија мене и баба ви, па на сиодвање ни дадоа подароци за сите вас, ама кога се враќавме, таму под подвозникот едни кучиња што нè нападнаа, па држ-недај, држ-недај, сè ни зедоа и само ова гуменово Бамби остана“ (имаа над плакарот едно гумено играче Бамби. И ние плачеме: „Како бе, дедо ви ги земаа играчките, а! Бабо, вистина сте биле на свадбата кај Гугле Пепелаш и принцезата?“ „Вистина, ами како.“ 

И знаеш дека те мафтаат, ама сакаш да си веруваш дека е така, сакаш да веруваш во бајки. Природна човечка потреба.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Трамп нема интелигенција?

Уанс апон а тајм