во

ЗагриженоЗагрижено БравоБраво

Живеат во сиромаштија бидејќи уште не дознале за влезот во НАТО

Иако поминаа 14 часа откако Собранието едногласно го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, во земјава се’ уште постојат граѓани до кои не пристигнала добрата вест, па поради тоа и понатаму се сиромашни.

Еден таков пример е семејството Трпеви од село Волче, беровско, кое, поради отсеченоста од светот, не било на време информирано за ратификацијата и продолжило да живее во беда дури и откако земјава стана дел од алијансата.

Главата на семејството, Трпе Трпев, побара прошка од македонската јавност што заради својата неинформираност испратил лоша слика во светот за земјава, но вети дека таков пропуст нема да се повтори и се заколна дека веднаш ќе престанат да бидат сиромашни.

Експертите велат дека во земјава има уште граѓани што не се во тек со најновите дневни настани, па поради тоа се перцепираат себеси како сиромашни и не можат да си ги задоволат основните човекови потреби.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

МАЈСТОР ЅВОНЧЕ

Македонија по десетти пат пред портите на НАТО