БЛЕХ BLOODY БЛЕХ

Имав 6 години кога на една плажа во Грција, членовите на блех ансамблот „Браќа Посејдонови“ извадија бодежи од своите труби, саксофони, туби и тапани и се заклаа меѓу себе, тука, пред моите очи. Многу години подоцна, кога полковникот Аурелијано Буендија стоеше пред стрелачкиот вод, јас не се сетив на денот кога татко му го однесе да види што е тоа лед, туку токму на оваа случка, додека јадев сладолед на една плажа во Грција, а продавачите на часовници од Макондо нѐ убедуваа дека само нивното време е вистински точно.

Извештај

2 коментари

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Владимир Лукаш

Македонија по десетти пат пред портите на НАТО

Синтисајзер