Заев: Предвремени избори кога ќе има неконтроверзен меч на Јуве!

Откако 420 пати ветуваше дека ќе си даде оставка дека ќе се случат работи што се случија, поранешниот премиер конечно ги постави црвените линии!Овој пат вели дека е 100% сериозен и дека “навистина жими мајка да не се викам Микица Ѓорчевски Принцеза Консуела Бананахамок Заев ако не си дадам оставка и не свикам избори ако се случи ова.” Неговите црвени лини се – Ќе си даде оставка кога ќе има натпревар на ФК Јувентус што нема да има никакви контроверзии!!!

Некои од граѓаните велат дека и овој пат неговиот збор ќе биде погазен исто како и последните 420 ветувања, но господинот Заев вели “Верувајте ми на зборот! Можеби лажев во минатото, но НИКОГАШ не би лажел 253125 пати по ред! Запамтете што ви велам!!!”

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од ZStefkovski

Утре во 12:00: Свечено отворање на ФБ профилот на Талат Џафери

Контролори од ЈСП ќе ја претставуваат земјава на СП во таеквондо