во

КОСТАДИН: Снегот на улиците е наследство од режимот на Груевски

Костадин Костадинов, пратеник од редовите на владејачката СДСМ, денес во изјава за медиумите го посочи вистинскиот виновник за неисчистениот снег на непроодните улици и објасни зошто надлежните тешко се справуваат со проблемот. 

  • Пред да почнеме да критикуваме, да се потсетиме дека ние наследивме улици со слоеви неисчистен снег, напластуван 11 години, но и да не заборавиме дека тогаш ретко кој смееше да се побуни за тоа, а денес секој слободно може да го искаже својот револт. Е во тоа е разликата. И тие, и ние сме неспособни да се справиме со снегот, но ние ви даваме слобода гласно да кажете дека снегот не е исчистен и никој-ништо да не направи околу тоа. – објасни Костадинов.

За крај тој истакна дека борбата со остатоците на режимот ќе продолжи понатаму по секоја цена и побара од граѓаните да му дадат време на снегот да се стопи.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Профилни

17

Романтични пораки за денот на вљубените