во

СмешноСмешно

Контролори од ЈСП ќе ја претставуваат земјава на СП во таеквондо

Македонската таеквондо федерација (МТФ), денес ја објави листата на борци што ќе ја претставуваат земјава на следното светско првенство во таеквондо и сите до еден се контролори во Јавното сообраќајно претпријатие, избрани после долг процес на селекција на најнасилните меѓу насилните.

– ЈСП е вистински расадник на таленти и воопшто не беше лесно да се издвојат само неколку насилници. Но сепак, со многу труд и добар „скаутинг“ – успеавме. Сега се надеваме дека нашите борци ќе можат техниката што ја користат со патниците, да ја пренесат и во рингот. – рекоа од МТФ.

Контролорите на ЈСП се познати по своите познавања на боречките вештини и ова ќе биде вистинска шанса за нив да ја разбијат секојдневната рутина што се состои од малтретирање студенти, девојки, Роми и пензионери и да се покажат на меѓународна сцена.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Заев: Предвремени избори кога ќе има неконтроверзен меч на Јуве!

(ЈС)ПЕЛА