(ЈС)ПЕЛА

Во времето на Александар III не постоеле автобуси, и големиот војсководец бил тажен поради лишеноста да патува низ булеварите на неговото кралство заедно со пензионерите, средношколците и сите останати корисници на градскиот превоз, управувани од синокошулестите љубители на сомнителни радиостаници – шоферите. Аристотел, големиот антички научник, бил многу загрижен поради чудната желба на неговиот ученик, и во еден разговор со духот на Платон, го нарекол Александар Нелогичниот, што многу го налутило Великиот и тој веднаш наредил да се запали библиотеката во Александрија (иако Птоломеј не се согласувал со тие приказни и ги нарекувал емпириски глупости). 

„Александар да појдеше да ја освојува Индија со автобус-хармоника, ќе се откажеше уште кај Јаја-паша“, констатира еден поднапиен господин и заспива. 

Птоломеј кимна со одобрување.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Владимир Лукаш

Контролори од ЈСП ќе ја претставуваат земјава на СП во таеквондо

Гнило е