ПаметноПаметно

Од ларва до пеперутка

Дојде време да го „пуштам во употреба“ мојот нов проект „ОД ЛАРВА ДО ПЕПЕРУТКА“. Низ илустрации и кратки текстови, во 25 чекори, претставен е патот до трансформирањето во пеперутка, односно до моментот кога доживеав комплетна слобода на духот. Начинот на кој се стигнува до трансформацијата не го измислив јас, само се обидов на поинаков начин да го претставам, низ илустрации кои се производ од еден тон прочитани книги, изгледани видеа, испробани техники и вежби и упорност. Не е лесна трансформацијата колку што ќе изгледа на сликите ама вреди да се проба. Реално некако е како кога ќе се фатиш на оро… Три напред, еден назад, па после 100 пати мисла во глава: „Што ми требаше да се фатам на орово?“, за на крај да завршиш горе на тапанот, да си се веселиш и баш да ти е гајле што мислат тие што те гледаат Од денешен аспект јас никогаш не би се вратила назад. Среќна сум што по пат ми се придружија уште неколку луѓе, заедно да делиме искуства, да пробуваме дали функционира ова што некој го кажал, да се радуваме на сите претворања на „невозможното во возможно„, да се тешиме кога не ни успеваше, да се чудиме по 100 пати иако веќе знаеме дека функционира, да се ежиме заедно, да плачеме од среќа, да веруваме дека успева и да си креираме една наша реалност, шарена и весела. Реалност во која нема место за сивилото што нè опкружуваше.Проектот го направив за да го разлеам шаренилото низ интернет просторот кој е полн со сивило. Се надевам дека е заразно и дека ќе се шири брзо како вирус ама добар. Ќе ги пребои сите неубави реалности, ќе ги покрие сите незадоволства, стравови, фрустрации, депресии, негативности… дека ќе го пребои духот и мислите на многу луѓе, да им помогне да си ја најдат својата слобода.Ќе се потрудам да објавувам по една илустрација и текст неделно, за да одржувам континуитет, а и да им оставам време за размислување на сите што ќе одлучат да го следат проектот до крај. Покрај на мојот фб профил, ќе го објавувам и на www.kooperacija.mk со цел да стигне до повеќе луѓе.!

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од BIR

„Се гледаме наскоро. Е.“

Избори: Започнаа донаторските акции на ДУИ во поштите и казината