БесноБесно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Избори: Започнаа донаторските акции на ДУИ во поштите и казината

Вечниот коалиционен партнер во сите влади од 2001ва до денес, викендов одржа неколку донаторски акции за предвремените парламентарни избори, во повеќе обложувалници, казина, пошти и банки низ западниот дел од земјава и скопско.

Според полицијата, акциите поминале во позитивна атмосфера и пријателски дух, па најголем дел од донациите се одземани скоро без употреба на сила од страна на маскираните лица и во МВР се надеваат дека така ќе биде се’ до денот на изборите.

Од ДУИ се извинија до бизнисите во останатиот дел од земјава и најавија проширување на дејноста и во другите градови во најскоро можно време, со што гарантираа дека никој нема да биде дискриминиран при собирањето на донации за избори.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Од ларва до пеперутка

Секогаш своја: Мира Дизел ќе вози за правда!