во

ПаметноПаметно Ме густаМе густа

Врски полни отров

Едноставно е и тука нема филозофии. Ако партнерот со кого си, создава во тебе чувство на самоувереност, спокојство, додека сте во друштво со куп згоднотии гајле немаш бидејќи знаеш дека си единствен/а, ако немаш никаква потреба да го/ја следиш и да гледаш што прави, кај лајка и да изигруваш приватен детектив или џандар… вистински е и чувај го. А ако ти буди спротивни чувства, ако си опседнат/а со него/неа, ако во секого гледаш потенцијална опасност и крадач/ка, ако имаш потреба на светот упорно да му покажеш дека е твој/а како божем не знаеме… тргни се. Љубомората е најгадна болештија и немој да се тешиш дека е доказ за љубов. Не е. Отровна е таквата врска и ништо добро нема да ти донесе. Само ќе полудиш.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

На лекар…

СЗО: Промајата е поопaсна од корона вирусот!