во

Сиромашните имаат 100% помалку шанси да фатат Ковид на Занзибар

Прекрасни вести за сите што едвај врзуваат крај со крај!

Најновото истражување на Институтот за сиромаштија, беда и мизерија, покажа дека најсиромашните граѓани се 100% безбедни од јужноафриканскиот сој на коронавирусот кој беснее на Занзибар, но и на сите други соеви што виреат подалеку од пет километри од нив.

Според резултатите, тука не завршуваат привилегиите за најзагрозените категории граѓани во однос на богатите, па тие освен во странство се позаштитени од вирусот и дома, затоа што поради недостаток на средства да се прехранат, тие поретко ги посетуваат маркетите, рестораните и кафулињата, а почесто седат дома гладни.

  

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Daft Punk feat. Македонска политика

ЗАЕВ: Вакцините од ЕУ ќе пристигнат во пакет со датумот за влез