Владата и Европската комисија денес постигнаа нов договор за испорака на вакцини, кој предвидува тие да стигнат во Нашата земја заедно со датумот за почеток на преговорите за влез во ЕУ, со цел имунизацијата и европеизацијата на општеството да започнат во ист момент.
– Нашите европски партнери ми дадоа цврсти гаранции дека ова е најдобрата опција. Покрај тоа што штедиме на гориво за транспорт, добиваме пакет кој ќе ни даде ветер во лице за сидрото уште повеќе да нѐ повлече напред. – рече премиерот Заев по потпишувањето на договорот.
Од анонимни извори присутни на преговорите дознаваме дека европските лидери биле спремни и веднаш да го испратат пакетот, но побарале од премиерот да им даде малку време за да го исфарбаат авионот во боите на нашето знаме, со цел да се искупат за доцнењето.