во

Владата ги откупи правата за пренос на вакцинацијата во Србија!

„Во склоп на планот за имунизација на населението на Македонија, Македонската телевизија од утре ќе почне со директни преноси од вакцинирањето што се спроведува во соседна Србија, со цел да ги едуцира и да им покаже на граѓаните што ќе се случува кога вакцините ќе дојдат кај нас.“ – соопшти денес министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на гостите од РТС преку кои ќе се одвиваат преносите.

Тој најави дека освен со РТС, постигнат е договор и со српското Министерството за надворешни работи, па од наредната недела ќе започнат и тури за оние што сакаат од прва рака да го доживеат вакцинирањето, кои ќе се состојат од тричасовна посета на Ковид центарот во Врање и двочасовна прошетка низ Лидл без ПЦР тест.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

ЗАЕВ: Вакцините од ЕУ ќе пристигнат во пакет со датумот за влез

Д-р Цаца Николовска ќе биде нов македонски конзул во Занзибар