во

ПОЕЗИЈА: Марк Симони – Не пеат во мене ветровите

НЕ ПЕАТ ВО МЕНЕ ВЕТРОВИТЕ

Не пеат во мене ветровите, шупелките на крилјата,

Лисјата повеќе не свиркаат низ ребрата,

не свиркаат ниту болки, ниту омраза, ништо.

Немам ниту љубов.

Камбаните запреа,

Не ѕвонат веќе ниту за миса, ниту за смрт,

Како косата на болен од леукемија

Паѓаат од мојата глава имиња на пријатели,

Се забораваат од черепот италиjанските зборови,

Секој ден сѐ повеќе станувам празен.

Нешто не оди на вековните запчаници на времето,

Чадат ‘рѓите со нивните бескрајни смачкувања,

Зраците на душата се отсечени од вревата,

Паѓат бравите,

Календарите некаде замрзнаа.

Го ставам големото уво на малиот свет.

Без бучава

Светот е мртов

Или умрев јас?

ЗБОРОВИТЕ КОПНЕАТ

Зборовите копнеат за тебе.

Затоа не е чудно ако една вечер

Внатре во пликот што го пратив за тебе

Најдеш еден бел, ненапишан лист,

Зборовите ти избегаа од писмото

За што порано да пристигнат кај тебе.

И зборовите копнеат за тебе.

Препев на македонски јазик: Адем Абдулаху

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Митко Гогов

Коронавирусот: Во македонските болници се чувствувам како дома

Што прави вака гласовноспособна женска ко тебе сама во штабов?