во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Тестирано цело Пехчево: Двајцата жители негативни на Ковид-19

Пехчево и официјално стана првиот македонски град со 100% тестирани граѓани откако денес, во раните утрински часови, екипа доктори од Скопје пристигна во градот за да го тестира населението, поточно браќата Мане С. (89) и Панче М. (91).

Како што го дознаваме, процедурата поминала во најдобар ред, без поголеми гужви и турканици, а резултатите од тестот покажале дека и двајцата пехчевчанци се негативни на Ковид-19 и се наоѓаат во добра здравствена состојба.

Според докторите, мали се шансите вирусот да дојде во Пехчево бидејќи градот е одлично изолиран од светот, а жителите не можат да го пренесат еден на друг, затоа што и покрај тоа што се браќа и живеат во иста куќа, тие не разговараат над 50 години поради нерасчистени имотни односи.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

23

Ритмистика

Одвојување