во

Индиго

тивко е. светот спие.
тишината ја параат
мачки што водат љубов.
кучиња лаат негде откај
последна петка. една тајфа
пијани урла насред улица.
по булеварите поминува и понекоја
кола. во плавата некој спушта
ролетна. небото над скопје не е
темно. крстот на водно осветлил
пред себе партал облак. во паркчето
пред мене горат улични светилки
и параклисот што уште не знам
кому му е посветен. станувам
едно со ноќта. јануари е студен
и неприземјен. цибрина
ми ги мрзне дланките.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Мудросер Гојко

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донира терасата за да ја помогне економијата

Како ќе се донесуваат битни одлуки во 2536???