ТажноТажно СмешноСмешно БравоБраво

ДУИ бара толкувач за глуви и на албански знаковен јазик!

Прашањето на една локална советничка за функцијата на личноста што стои покрај Филипче и мавта со рацете, го стави во центарот на вниманието толкувачот за глуви и наглуви, за кој ДУИ тврди дека го крши Рамковниот договор, бидејќи преведува само на македонски знаковен јазик.

Поради таа причина, партијата од Мала Речица испратила итен допис до Владата и побарала итно да биде распишан конкурс за вработување на уште десетина толкувачи што ќе преведуваат на албански знаковен јазик и ќе се обраќаат на албанската глува и наглува заедница.

Тие дури и сами се понудија да обезбедат кадар за да се пополнат работните места, затоа што најголем број од нивните членови се слободни во секое време да не се појават на своето работно место во администрација и да помогнат на прес конференциите.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Фокус на позитива

Наше е да издржиме