Наше е да издржиме

„Нека се смеат, нека негодуваат, нека не покажуваат со прст. Наше е да издржиме, ако можеме, ако даде Бог… Мислам дека фактот што имаш татко пратеник, апсолутно не нуди никакви привилегии во однос на тоа како се живее животот, а не пак во една ваква глобална криза, кадешто СИТЕ сме еднакво погодени, и оние кои имаат 13.000 плата и работат со 1000 муштерии во супермаркет, па и ние децата на пратениците, што скромоно само 15 дена бевме во Шамони, Франција. Откажување, или намалување на платите на државна администрација не е никакво решение, особено не на платите на пратениците, кои верувале или имаат деца за ранење, како и сите вас. Наше е да издржиме, наше е да ја проголтаме кризава, и ако даде Бог, да преживееме…“ – Габерселасие Локвенец, син на напатениот Хари,прва од тивките жртви на геноцидот врз пратеничкото население на република Нашата Земја.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

ДУИ бара толкувач за глуви и на албански знаковен јазик!

П(р)олетен дедо