МПЦ: Симболот од Кутлеш го убива коронавирусот!

Откако денеска попови качени на камионче накитено со знамиња, прошетаа низ Велес и Кавадарци и попрскуваа со света вода во обид со молитва да го истераат лошиот корoнавирус од земјава, со официјално соопштение излезе МПЦ. Во соопштението се вели дека не случајно се вееше знамето со симболот од Кутлеш на камиончето, бидејќи ова знаме се покажало и во минатато како одличен борец против болести и зли духови. Од МПЦ уверуваат дека со правилно дозирање на симбoлот од Кутлеш помешано со света вода ефикасно може да се убие коронавирусот.

„Вирусите се состојат од материјал опкружен со слоеви на протеини и маснотии. Кога вирусите стапуваат во интеракција со краците од сонцето од Кутлеш, молекулите на крaците и неговата топлина ги раскинуваат тие слоеви на маснотии. Симболот од Кутлеш буквално ги уништува вирусите. Новото знаме поради тапоста на краците не е толку ефикасно во борбата против коронавирусот, па затоа се одлучивме да го развееме и знамето со симбoлот од Кутлеш кој заедно со светата вода се главни состојки кои го унишуваат овој лош вирус“ – стои во соопштението на МПЦ.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Марјан Анѓеловски

П(р)олетен дедо

Десетминутна случка