во

БесноБесно ТажноТажно СмешноСмешно Ме густаМе густа

Контролор на ЈСП ги претепал домашните додека работел од дома

Проретчениот ред на возење во јавниот превоз остави дома голем број контролори, вработени во ЈСП, кои сега своите работни задачи, но и навиките од работното место, ги носат во своите домови и ги практицираат врз домашните.

Така, Жарко З., од Сингелиќ, инаку контролор во ЈСП на линиите 7 и 15, првин го нападнал и го претепал својот 82 годишен татко – пензионер, поради непоседувње на соодветна дозвола за движење од детска до дневна соба, а кога роднините пробале да ги разделат, се нафрлил и врз нив.

Како што дознаваме од полицијата, напаѓачот се правдал дека реакцијата е резултат на потиснатиот бес со кој се соочува откако мора да работи од дома, како и на ускратената прилика да ги искали своите фрустрации врз послаби од себе.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

МВР: Уапсени двајца растафаријанци затоа што делеле еден џоинт

Скокнал од 13ти спрат: Во падот се заразил со Ковид-19 и починал