Граѓанин што подолго време пател од депресија, денес почина како последица на коронавирусот, откако се фрлил од тринаесетти спрат и додека паѓал се заразил со Ковид-19 на некој од подолните спратови.
Според експертите, жртвата дошла во контакт со вирусот некаде околу шестиот спрат, поради што дошло до нагло опаѓање на нејзиниот имунитет, па падот од само 50ина метри имал смртни последици.
Очевидци од зградите наспроти тврдат дека при починатиот при паѓањето покажувал симптоми на висока температура, а дел велат дека слушнале суво кашлање пред да удри во плочникот.