Нецел месец откако ја шокираше јавноста со изјавата дека се разведува по петти пат и веднаш потоа се повлече во самоизолација, серискиот младоженец Александар Маленко со добри вести – повторно ја нашол вистинската, овојпат онлајн.
Како што ни рече тој, со невестата се сретнале сосема случајно на една од социјалните мрежи и си се допаднале уште на првиот „лајк“ , а на третиот „share“ си искажале љубов, по што го направил она што го прави најдобро – ја запросил.
Александар Маленко беше еден од нашите најдобри пливачи, кој после кратката пливачка кариера се посвети на пливањето во брачните води, каде успешно се држи на површина над 20 години, а е препознатлив по тоа што често ги менува базените.