во

Човештвото треба да најде лек против фармацијата

  • Толку добар диазепам си купив, што уште не можам да се смирам од возбуда.
  • Требаше да го излечат, ама здравје друг пат.
  • Денес медицината е толку напредна, што човек не знае од што да умре попрво.
  • Го спречив лекарот да ме прегледа. Подобро е да спречиш отколку да лечиш.
  • Си ги купив најдобрите апчиња за спиење. Сега од радост не можам да спијам.
  • Ако патиш од несоница, отспиј малку, ќе ти помине.
  • Не грижете се поради тоа што со месеци чекате за лекови. Времето е најдобар лек.
  • Докторот вели дека сум нормален, ама не сум луд да му верувам.
  • Да не реагираа лекарите правовремено, мртовецот на ништо не ќе личеше.
  • Кога го пуштија од лудницата, полуде од среќа.
  • Кога слушна дека ќе му ги ампутираат, му се пресекоа нозете.
  • Човештвото напредува толку многу, што денес луѓето се убиваат на многу хуман начин. 

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

ОДМАЗДА: С. Кореја ги насочи нуклеарките кон домот на Бил Гејтс

Викенд на Пјонгјанговци