во

БесноБесно ТажноТажно СмешноСмешно ВљубеноВљубено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Мртовец демантира дека починал од Ковид-19

Вистинска драма се случува на градските гробишта во Бутел, откако еден починат граѓанин не е сигурен дали починал од Ковид-19 или сѐ уште е жив. Во продолжение прочитајте го ова ексклузивно интервју со овој жив мртовец:

Новинарот: Добар ден господине, како сте?

Мртовецот: Добар, еве си лежам…

Новинарот: Дали сте жив?

Мртовецот: Тешко прашање. Никако не можам да се одлучам. Едниве викаат дека сум жив, другиве дека не сум… Едниве викаат дека ова вирусов е заебанција дека све ова уставри е измислица за да не напикаат дома, да не затворат… Другиве викааат дека ова е опасна ствар, дека смртноста е многу голема…

Новинарот: Кога дознавте дека сте мртов?

Мртовецот: Сега пред еден ден. Ја бев скептик околу целава оваа работа, кога ми соопштија лекариве дека сум починал од Ковид-19.

Новинарот: Како вие изреагиравте на таа вест?

Мртовецот: Јас сум многу ладнокревн тип… одма почнав да организирам, поп, ковчег… си го купив најубавиот ковчег. Еднаш се живее, нек си ебе мајката! Кога некаде пред полноќ, у пет за дванаес, слушам некои од експертиве викаат дека нема врска, се ова е измислено. И сега не знам што да правам…

Новинарот: А вие лично како преферирате повеќе?

Мртовецот: Па не знам… мене смрт ми е кога треба да умирам… ич нејќам да се влечам по гробишта ова, она… али ќе видиме што ќе биде. Лично мислам дека не е точно дека сум починал од Ковид-19. Може и да сум починал уствари, ама не верувам дека е од Ковид-19. Всушност, ја користам оваа прилика да демантирам дека сум починал од Ковид-19.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Најдобрата адаптација на Нетфликс досега

Бебе бугарофил одбива да гуга дека Бугарија ни го негира јазикот