во

БесноБесно СлаткоСлатко ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно ВљубеноВљубено ЗачуденоЗачудено КулКул ЗагриженоЗагрижено БравоБраво Ме густаМе густа

Починал од Ковид-19 откако инфициран куршум го погодил во глава

„С.М. (31) од Матејче не го убил куршумот што го погодил во главата, туку вирусот Ковид-19 со кој бил заразен неговиот сосед во моментот кога пукал со пиштол кон него.“ – вака вели заклучокот од истрагата што ја спроведе МВР, откако расправија помеѓу двајца соседи заврши со еден мртов.

Иако случајот отпрвин беше третиран како убиство, аутопсијата на телото на С.М., покажа дека тој се наоѓал во одлична форма, но по инфицирањето со Ковид-19 му ослабнал имунитетот и ѝ подлегнал на една прилично лесна повреда, за каква што се смета дупката во глава.

Човекот кој беше обвинет за неговото убиство е ослободен од обвинението, со објаснување дека несвесно го заразил куршумот што завршил во главата на соседот и ќе добие казна од 200€ за загрозување на јавното здравје, но таа ќе му биде намалена затоа што ја почитувал „социјалната дистанца“ кога пукал.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

По најавата за протест: Ковид-19 го намали бројот на заразени

По анти-корона протестот: Ќе се протестира и против хемороиди