во

СмешноСмешно

Ковид-19: Ако партиите договорат избори ќе се иселам од тука

Ковид-19 или како што е попознат меѓу народот – коронавирусот, денес се огласи по повод изјавата на техничкиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој рече дека доколку лидерите не се договорат за датум за избори, вонредната состојба треба да се продолжи.

– Ако политичарите одлучат дека избори ќе има, јас ќе си ги спакувам куферите и ќе си одам од тука. Фала богу си извадив бугарски пасош уште првиот ден кога стигнав и нема шанси да останам во Македонија додека трае предизборната кампања. Доста ми е од политика!  – рече вирусот.

Во случај да не биде постигнат договор за избори, тој ќе мора против своја волја да остане во земјава и да продолжи да се шири за политичарите да имаат изговор за вонредната состојба, но истакна дека во тој случај ќе бара бенефициран стаж од својот работодавец – Бил Гејтс, поради стресот и нервозите што ги доживеал кај нас.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

КОВИД vs Реџепи

По разрешувањето: СЗО го ангажира Реисот како експерт за Ковид19