во

ГАВРАНОТ ГАНЕ

Владимир Лукаш

Еднаш, среде шума една, на стара гранка седнат,

дур’ се наведна да води со грдото страшило спор,

почна бурно в глава да му се мати,

светот ко лулашка да му се клати

– на гавранот Гане ‘рбет му се фати.

Тој сал гракна од болка и појде кај една богомолка

облечена во ролка од волна на древна стоногалка

да му стопли душа од болка заледена,

да му стави облога од пчели медена,

да му излечи гавранска става повредена.

Таа веднаш, без дилема, гавранот в раце го зема,

го намачка со иљач-крема, за нов лет го спрема.

Штом почна да го мести таа богомолка,

гавранот пуст се расплака од болка,

ко бисер што плаче по својата школка.

„Богомолке“, ѝ рече право, „докторка си или ѓавол!

Понежна биди, те молам, оти ќе почнам да те колнам!“

– гавранот по богомолката викна,

гласно ко тигар ранет крикна,

кога нешто в ‘рбетот му кликна.

„Гаврану, доста викаш, за кратко од среќа ќе бликаш.

Ќе можеш да сликаш, да пееш и крилја на ветер да вееш!“

– богомолката му рече на црниот створ,

кој веднаш одлучен изусти одговор:

„Благодарам, се гледаме – Nevermore!“

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Владимир Лукаш

Дај му време на времето

Не е доволно само да знам, треба да применувам!