Оптимистички бројки по забраната на Задушница да се посетуваат гробиштата.
Имено, според податоците на Министерството за здравство (МЗ), од стапување на сила на рестрикциите во четвртокот, до денес, тестирани се над 1000 починати и притоа не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19.
Портпаролот на МЗ вели ова е доказ дека мерките функционираат, а во тоа многу помогнале и починатите, кои го почитувале пропишаното растојание од 2 метри помеѓу гробовите и не ги напуштале своите ковчези додека траел полицискиот час.
И покрај добрите резултати, тој најави дека во наредниов период ќе продолжат тестирањата на гробиштата и ги повика сите починати што имаат здравствени проблеми или симптоми, да се јават во министерството за да бидат тестирани по брза постапка.