во

ПОЕЗИЈА: Џејмс Џојс #bloomsday

НЕ ТАГУВАЈ

Не тагувај затоа што луѓето

избираат лажен шум наместо тебе:

Срце мило, врати си го мирот повторно –

зарем можат да те осрамотат?

.

Тие се потажни од сите солзи,

животите им се вознесуваат како бескрајна воздишка.

Гордо одговори на нивните солзи,

додека тие негираат, негираат.

.

САМ

На белозлатна месечина мрежите нежни

во завеса ноќна ја прегрнуваат.

До заспаното езеро фенери крајбрежни

јорговански гранчиња прегрнуваат.

.

Трските потајно го шепотат во ноќта

нејзиното име – име на жена.

Душата ми е бескрајно екстатична –

пред глувата сила на срамот.

.

(слободен препев: м.г.)

Џејмс Огустин Алојшис Џојс (англиски: James Augustine Aloysius Joyce), попознат како Џејмс Џојс (James Joyce; 2 февруари 1882 – 13 јануари 1941) — ирски модернистички писател, еден од најзначајните писатели во книжевноста напишана на англиски јазик. Џојс се смета за родоначалник и втемелувач на прозниот и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“, а со своите дела извршил големо влијание врз светската книжевност. 

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Митко Гогов

Ај Пики Мортине, брате сфати ме….

Купувам домашно… проекти, семинарски, докторати…