во

Стартуваше кампањата: Партиите тргнаа од кластер до кластер

Најголемите политички партии еуфорично ја започнаа изборната кампања и веднаш на стартот ветија дека, без разлика колку заразени ќе има до почетокот на изборите, тие ќе се погрижат да дојдат до секој кластер, без исклучок. 

Како што ни се пофалија неколку високи фунционери, само во првите два дена од стартот на кампањата, биле покриени пет кластери од свадби и мекици, три оро-кластери, дури девет четвртматура кластери и биле посетени десетици угледни семејства. 

Тие велат дека целта им е до изборите да прекинат поделбите на кластери и граѓаните да се обединат во еден и единствен кластер, кој ќе излезе на избори и ќе ги гласа да го владеат.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Џејм Џојс

Синот на мојот татко, Francesko D'Assisi, носи џинс.