во

Пејачот Зоки Кичеец ќе објави албум со дуети со политичари

Зоран Милески – Кичеец, контроверзниот бизнисмен кој прв пат пропеа на судењето за Рекет, а деновиве е актуелен со неколку сингла, најави дека планира сериозно да ѝ се посвети на музичката кариера и да објави албум со најголемите хитови од новите бомби.

– Сметам дека собрав доволно материјал и имам доволно хитови за албум. Моментално преговарам со дискографската куќа за условите и се’ оди во најдобар ред. Очекувајте нови хитови во најскоро време. – ни рече Кичеец.

Според инсајдерски информации, албумот ќе биде издаден од дискографската куќа ДБК, а ќе содржи дуети со најголемите ѕвезди на македонското политичко небо и се очекува да направи вистински бум на топ-листите.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Непријателот никогаш не спие

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Дали ме сакаш?