во

Со картичката КУПУВАМ ДОМАШНО ќе може да се плати мито и поткуп

Добри вести за повеќе од 300 илјади граѓани што добија помош од државата!

Платежната картичка КУПУВАМ ДОМАШНО, од денес, освен за купување македонски производи, ќе може да се користи и за плаќање услуги од областа на митото и корупцијата.

Според владината комисија што одлучуваше по ова прашање, овие услуги се дел од нашиот менталитет и култура, и никој не смее да им го ускрати правото на граѓаните да ги потрошат средствата за поткуп на политичари, подмитување службеници во државните институции, купување на работно место итн.

Експертите ја пофалија оваа одлука на комисијата затоа што, во исто време, им помага на граѓаните да преживеат, а на високите партиски функционери – да продолжат да живеат на висока нога.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

#СмрттаНаХуморот – Пекари

Б.Гејтс забрани антиваксери да инсталираат антивирус на Виндоус