во

Б.Гејтс забрани антиваксери да инсталираат антивирус на Виндоус

Бил Гејтс, милијардер и сопственик на Мајкрософт, денес соопшти дека заедно со управниот одбор на компанијата одлучил да забрани користење на антивирус за сите што користат Windows и се противат на неговиот план за масовна вакцинација.

Според него, идејата е на овој начин да им се даде шанса на антиваксерите своите верувања да ги преточат во пракса и да го заштитат софтверот од компјутерски вируси така што ќе му помогнат да создаде имунитет по природен пат.

За тие што се спремни да се предомислат и да прејдат на страната на г-нот Гејтс, Мајкрософт ќе им додели доживотен бесплатен антивирус, де-лукс чип и пакет вакцини против грип за наредните 30 години.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Со картичката КУПУВАМ ДОМАШНО ќе може да се плати мито и поткуп

7

Monologues With Coltrane