во

Пост Вистина

„Стрико, чекам. Обеќа братучед ми после избори здравје нашиве ќе тепаат по се изглеа, па ќе падне местенце у министарство некое или заводче, имам B категорија шо ме боли кур ќе возам некој буџован 2 саати у денот, лапај си 25.000 на крај на месец. Има муабет за она Биро за Метрологија у Аеродром шо е, топ би било! Тука имаш Копачка, Моцарт Бет, па имам и Тиго да дигнам 500 кредит ако мора да се стаи некоја синглица. Абе брат, мора државно си е државно, клати врата зимај плата.

Само да не биде ова што викаат СДСМ со ДПМНЕ да праи широка коалиција да ги сузбијат шиптариве, па нема тогаш да влезам, знам, нема шанси ќе треба наши и нивни знаеш да бутаат, а така ќе сум задње говно, па нема да биде. Ама јебига мора да се гура брат, ако не идеме Германија ќе фатам бауштел имам братучед таму брат згази у Kempen со плочките, па ќе фатам ќе помагам ако треба брат, хехе од работа нема срам. Ај идам едно продужено еКспресо у долга чаша да испијам у Копачка, почиња сеа Премиер лига, имам сингл дојава за Лестер.“ – Блажо Милевски, 35, ден стаж немање, чека да победат неговите, своевремено редовен летувач во Крани.

Извештај

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што мислиш?

Напишано од Каљо Масниот

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Најдобар пријател

Ќе те направи лом, со себе носи кондом