во

ТажноТажно ПаметноПаметно СмешноСмешно Ме густаМе густа

СДСМДПМНЕДУИ сложни: Време е за крај на диктатурата на Левица

Најголемите политички партии и нивните коалициони партнери, денес одржаа заедничка пресконференција, на која ги повикаа граѓаните масовно да излезат на изборите и да ѝ стават крај на диктатурата на Левица.

– Ако ја тргнеме на страна криминалната приватизација, разграбувањето на фабриките, распродажбата на јавните добра, создавањето на олигархијата, општиот грабеж и сиромаштијата, Левица е најлошото нешто што ѝ се случило на земјава и треба да биде отстранета од институциите што е можно поскоро. – рекоа ДПМНЕ и СДСМ во заедничкото обраќање.

Тие ветија дека ќе сторат се’ што е во нивна моќ, граѓаните никогаш повеќе да не ја почуствуваат „железната рака“ на Апасиев и на овие избори, еднаш засекогаш ќе ја пратат во историјата партијата што за само 4-5 години постоење, стана најодговорна за три децении тапкање во место

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

#СмрттаНаХуморот – Филателисти

Black Music Matters