во

СмешноСмешно

Али Ахмети: Александар носел бело кече кога ја освојувал Персија

Лидерот на ДУИ и пасиониран историчар во слободно време, Али Ахмети, сподели со јавноста нови историски откритија, според кои Александар Македонски на битката кај Гавгамела го победил Дариј III затоа што носел бело кече. 

Во досега неоткриените записи до кои дошол г-дин Ахмети, стои дека на неколку часа пред битката Александар им наредил на своите војници шлемовите да ги заменат со бели кечиња и така да се заштитат од топлото персиско сонце. 

На овој начин, тие се здобиле со недостижна предност над персиската војска, која иако била пет пати побројна, доживеала пораз бидејќи голем дел од војниците фехидрирале или изгубиле свест од топлотен удар. 

По оваа голема победа, Александар дал аманет да биде закопан со белото кече што го носел на Гавгамела, што според г-нот Ахмети ќе се докаже кога Паско Кузман ќе го најде неговиот гроб.   

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

#СмрттаНаХуморот – Алфа Ромео

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Борба за опстанок