во

Крај на поделбите по кластери: Скопје се обедини во еден кластер

Добри вести за скопјани, кои со месеци живеат поделени и раскарани, секој во својот кластер.  

Комисијата за заразни болести, денес официјално соопшти дека по неколку месеци борба со десетиците кластери на територијата на Скопје, тие се десеткувани и градот е обединет во еден, единствен кластер. Од таму не сакаа да кажат кој е најзаслужен за оваа голема победа, но истакнаа дека и партиите во техничката влада, но и граѓаните дале се’ од себе поделбите да престанат и конечно да завладее хармонија меѓу кластерите. 

Според експерти од комисијата, наредните неколку дена се клучни за другите градови, бидејќи сега тие треба да покажат солидарност и по примерот на жителите на главниот град, да си пружат рака и да си се искашлаат во фаца, за стадото да го добие својот имунитет пред изборите.

Извештај

Што мислиш?

Напишано од Иљче

Сосема неочекувано со Владо Јаневски – Совет за среќен живот

Средовечни мажи на Фејсбук